Обука за користење на психолошко тестирање и изработување на психолошки наод и мислење
Оваа обука е призната и категоризирана како облик на континуираното усоврвшување на психолозите од страна на Комората на психолози на РСМ
I Основна цел:
Обуката да овозможи едукантите да се стекнат со знаење и искуство и да се оспособат за психолошко тестирање за проценка на психомоторниот развој, социјалниот развој, когнитивниот развој, интелектуалните способности и личноста, (со сеуште нестандардизирани психолошки мерни инструменти) и изработување на психолошки наод и мислење.
II. Критериуми за влез во програмата
Кандидатите да имаат завршено високо образование, дипломирани психолози.
III. Траење на програмата
Програмата ќе се реализира во два Модули:
Модул 1 - Оспособување за психолошко тестирање за проценка на психомоторниот развој, социјалниот развој, когнитивниот развој, интелектуалните способности и личноста при работа со деца (со сеуште нестандардизирани психолошки мерни инструменти) во траење од 80 часа
Модул 2 - Оспособување за психолошко тестирање за проценка на психомоторниот развој, социјалниот развој, когнитивниот развој, интелектуалните способности и личноста при работа со млади и возрасни (со сеуште нестандардизирани психолошки мерни инструменти) во траење од 96 часа
IV. Сертификат
После завршувањето на едукативниот период и сите завршени обврски, едукантите ќе добијат Сертификат за психолошко тестирање и изработување на наод и мислење, изаден од АНИМА ЦЕНТАР ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ, ЕДУКАЦИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА, Скопје/Битола.
V. Реализатор
Обучувач: Проф. Д-р Сашо Кочанковски, доктор на психолошки науки
Посебна лиценца – психологија на здравје – психотерапија
Сертифициран Гешталт терапевт од Европската Асоцијација на Гешталт терапија
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
Програмата е наменета за дипломирани психолози