Гешталт едукација
Европски акредитирана тренинг програма по Гешталт терапија!
Во АНИМА – Центар за личен развој, едукација и психотерапија се реализира тренинг програма по Гешталт терапија, наменета за личен и професионален развој и за стекнување компетенции за советодавна и психотерапевтска работа.
Од ноември 2025 година, програмата е акредитирана од Европската асоцијација за Гешталт терапија – EAGT (European Association of Gestalt Therapy – EAGT.
Акредитацијата претставува потврда дека програмата е усогласена со професионалните стандарди и критериуми на EAGT за едукација и тренинг во Гешталт терапија.
I. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Основна цел на тренинг програмата е обука на гешталт советници и гешталт терапевти.
Посебни цели на програмата се:
изучување на теоријата и методологијата на Гешталт терапијата;
развивање професионални компетенции за советодавна и психотерапевтска работа;
поттикнување на личниот и професионалниот развој;
интегрирање на теоретското знаење со практичното и искуственото учење.
II. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПРОГРАМАТА
Програмата е наменета првенствено за психолози, студенти по психологија и професионалци од сродни и хуманистички области, како и за оние кои во својата професионална работа се занимаваат со поддршка и работа со луѓе.
III. ТРАЕЊЕ И СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА
Процесот на едукација трае помеѓу 4 и 5 години, односно вкупно 1450 часа, во зависност од индивидуалните можности и напредокот на едукантите.
Програмата е организирана во два степени, кои овозможуваат постепено продлабочување на знаењата, искуството и професионалните компетенции.
IV. ОПИС НА ПРОГРАМАТА
Тренинг програмата е изработена врз основа на стандардите и критериумите на Европската асоцијација за Гешталт терапија (EAGT) и е наменета како форма на професионално, постдипломско усовршување.
Европските тренинг стандарди се проширени и дополнети со последните измени содржани во документот Training Standards Paper, New Structure, 2023.
Програмата опфаќа вкупно 1450 часа во следните подрачја:
600 часа – теорија и методологија
150 часа – супервизија
400 часа – клиничка пракса
250 часа – лична терапија и индивидуално тераписко искуство
50 часа – слободен избор
ПРВ СТЕПЕН – ОСНОВНО, БАЗИЧНО НИВО
Траење: две години
Првиот степен ги опфаќа основите на Гешталт теоријата и методологијата, личниот и професионалниот развој и развивањето компетенции за советодавна работа.
Се изучуваат основните концепти на Гешталт пристапот, како што се свесност, контакт, граници на контакт, потреби, отпор, креативна адаптација, поларитети и одговорност.
По успешно завршување на степенот и исполнување на програмските обврски, се стекнува сертификат Гешталт советник.
ВТОР СТЕПЕН – НАПРЕДНО НИВО
Траење: две до три години
Вториот степен ги продлабочува теоретските и методолошките знаења и е насочен кон развивање компетенции за психотерапевтска работа.
Програмата опфаќа развивање терапевтски вештини, работа со реални клиенти, индивидуална и групна супервизија, терапевтски однос и дијалог, психопатологија од Гешталт перспектива и работа со различни клинички и животни теми.
По исполнување на програмските обврски и успешно завршување на програмата, се стекнува сертификат Гешталт терапевт.
ИСКУСТВЕН И ИНТЕГРАТИВЕН ПРИСТАП
Гешталт едукацијата не се темели само на усвојување теоретски знаења.
Работата се одвива преку едукативно-искуствени работилници, предавања, дискусии, Гешталт експерименти и техники, лична работа, работа во мали групи, практична работа и супервизија.
Во текот на програмата, учесниците имаат можност да ја поврзат теоријата со сопственото искуство и постепено да ги развиваат своите професионални компетенции.
ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
По исполнување на сите програмски обврски следува завршна евалуација, која вклучува одбрана на студија на случај и дипломска работа.
РЕАЛИЗАТОРИ НА ПРОГРАМАТА
Во реализацијата на програмата учествуваат четворица тренери со долгогодишно искуство во Гешталт терапија, носители на Европски сертификат за Гешталт терапија, двајца супервизори и индивидуални терапевти со долгогодишно искуство во индивидуална работа со клиенти.
Вера Димовска – сениор тренер, Гешталт терапевт со EAGT сертификат, координатор на програмата
проф. д-р Сашо Кочанковски – Гешталт терапевт со EAGT сертификат
проф. д-р Мирослав Пендаровски – Гешталт терапевт со EAGT сертификат
проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска – Гешталт терапевт со EAGT сертификат
ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ – ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
Гешталт едукацијата е процес кој бара време, посветеност, лична ангажираност и професионална одговорност.
Во АНИМА ЦЕНТАР веруваме дека квалитетната психотерапевтска подготовка не се состои само од стекнување знаења, туку и од развивање професионалец кој умее да биде присутен, свесен, одговорен и компетентен во работата со луѓе.
Корисни линкови поврзани со програмата:
Програма за тренинг и едукација I степен
Програма за тренинг и едукација II степен
Етички кодекс
Стандарди и критериуми на ЕАГТ