Допирот во Гешталт психотерапијата
Интернационалната работилница со Велимир Дуганџиќ на тема „Допирот во Гешталт психотерапијата“, од страна на Д-р сц. Велимир Дуганџиќ се одржа во хотел „Капри“ во Битола, 2026г. Работилницата претставуваше значајна можност за продлабочување на знаењата и разбирањето на улогата на допирот во рамките на гешталт психотерапевтскиот пристап, преку стручно водство, размена на искуства и интерактивна работа.
Упатуваме искрена благодарност до Велимир Дуганџиќ за посветеноста, отвореноста и значајниот придонес кон професионалниот развој на учесниците. Ова е петта по ред соработка на Анима – Центарот и низ оваа работилница, едукантите имаа можност да ја подобрат својата проценка за адекватно користење на допирот како начин за комуникација и работа на теми важни за клиентот. Впечатоците може да ги погледнете тука.