Јубилеј 25 години Гешталт терапија, Битола
Гешталт конференција по повод јубилејот 25 години Гешталт терапија во Битола се одржа од 1 – 3 Јули 2022 г. во хотел „Молика“, во подножјето на Пелистер, Битола. На конференцијата учество зедоа 15 предавачи, Гешталт терапевти и едуканти од нашата земја. Се одржаа 8 предавања, 8 работилници и дополнителни активности за прошетка низ Пелистер и рекреативни јога вежби. Учество зедоа 50 учесници. Впечатоци од првиот ден погледнете тука.


Заокруживме прекрасен викенд, исполнет со споделување на искуства и знаења. Голема благодарност до сите што присуствуваа и направија овој настан да се реализира. Полето си го направи своето, а циклусот е затворен. Ние задоволни, што ја имавме можноста да уживаме во Гешталт конференцијата, на која се потсетивме за важноста на уметноста на живеењето!
