Прескокни до содржината
Анима Центар за личен развој Контактирајте нè
Настани

Од едукација до пракса

· · 2 мин. читање

На 27.06.2026 во Порта Џез во Битола, се одржа презентација под наслов „Од едукација до пракса“ - осврт на значајните работи во изминатиот период од работата на Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија во Битола. Приликата понуди прикажување на работилниците кои ги организираше Центарот (покрај редовната едукациска програма која ја спроведува), како и соработките кои се остварија со други значајни организации во регионот. Се споделија информации за прирачникот на Проф.д-р Сашо Кочанковски околу гешталтистичкиот пристап во работата со младите. Се даде краток осврт и преглед на елементарните статистички податоци за работата на Центарот во поглед на бесплатните термини за советување за измината година од страна на Јовче Крстески.

На крајот, доделени беа и сертификатите на оние кои ја комплетираа обуката „Спроведување на психолошко тестирање и изготвување на психолошки наод и мислење со млади и возрасни“ која ја водеше Проф. д-р Сашо Кочанковски, Даниела Несторовска и Јована Новеска. Потоа Вера Димоска ги додели сертификатите за завршен прв степен од едукацијата за Гешталт советник на едукантите: Ана Настевска и Викторија Тодоровска, како и сертификатите за завршен втор степен од едукацијата за Гешталт психотерапевт: Д-р Марина Кузмановска и Марија Трајкоски. На крајот беа доделени и благодарници на соработниците Анима - Центарот, со чија помош се реализираат дел од споменатите активностите.

Модератор на целиот настан беше М-р Марија Младеновска - Димитровска, која со пригодна реч го збогати ова одбележување на активна година исполнета со едукација, работилници и едно од најважните постигнувања на Центарот, а тоа е акредитирањето од страна на Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ). Сите едуканти кои завршуваат Гешталт психотерапија низ програмата на Анима - Центарот се сертифицирани за работа на европско ниво!

Центарот останува да продолжува со добрата работа во иднина - збогатување на професионалното искуство на едукантите и нудење можност за советување за граѓаните на Битола и регионот после летниот период. Се гледаме пак наскоро!

← Назад кон настаните