Skip to content

Доделување сертификати за I степен

  • by

На 13 јануари беа доделени првите 11 сертификати за Гешталт советници кои својата едукација ја започнаа, во различни временски периоди во Aнима – Центарот за личен развој, едукација и психотерапија. Имено, Анима Центарот е формиран пред 7 години и до крајот на 2023 г. има запишано 7 генерации на едуканти. Низ Центарот поминале повеќе од 50-тина едуканти, а моментално Тренинг програмата ја следат 35 едуканти во прв и втор степен заедно.

Главна цел на Тренинг програмата за првиот степен е: личен и професионален развој, стекнување на знаења, способности и вештини за гешталт советување и доследна примена на гешталт принципите. Програмата предвидува околу 600 часа или 22 викенд работилници. Дел од активностите се реализираат во групата, а други надвор од групата. На крајот од Тренинг програмата за I степен се полага испит од теорија и методологија на гешталт терапија. Во едукациско-искуствените групи се изучува теоријата, а со примена на соодветни експерименти и вежби теоријата се поврзува со личното доживување што овозможува полесно усвојување и интегрирање во системот на знаења и вештини на едукантот. Предност се дава на процесот и искуството, индивидуална работа на себе со тренерот во групата и индивидуална работа на себе со личен терапевт надвор од група. Тренинг програмата на Анима Центар изработена е и целосно во согласност со критериумите и стандардите на Европската Асоцијација за Гешталт терапија.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на нашите социјални мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.