Skip to content

Карактерни стилови – релационата перспектива во гешталт терапијата

  • by

Интернационалната работилница со Велимир Дуганџиќ на тема „Карактерни стилови – релационата перспектива во гешталт терапијата“ се одржа во Хотел „Капри“, Битола 2024. Разработувањето на карактерните стилови на личноста во релацискиот однос е од суштинско значење, бидејќи нуди подлабоко разбирање за тоа како карактерните стилови влијаат на меѓучовечката динамика и терапевтските односи. Ова знаење ја подобрува способноста на терапевтите подобро да ја проценат историската како и целокупната личносна карактерна позадина на своите клиенти и со тоа, поефикасно да ги адресираат темите кои се појавауваат во релационите модели на клиентите. Впечатоците може да ги погледнете тука. Ова е четврта по ред соработка на Анима – Центарот со сертифицираниот гешталт терапевт и супервизор Проф. Д-р. на наука Велимир Дуганџиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.