Согласно заклучоците на состанокот на Анимa – Центар на кој беа поканети сите едуканти и членови кој се одржа на ден 20.09.2025 во просториите на Центарот, се изврши ажурирање на членството во постоечките работни тела и се воведе ново работно тело со цел подобро функционирање на самиот Центар. Во следниот период, во етичкиот комитет или тим ќе продолжат да работат: Марија Јанакиевска, Марина Кузмановска и Јасна Димитровска. Во генералниот одбор или „работниот тим“ на Центарот ќе продолжат да работат Сашо Кочанковски, Јовче Крстески и Марија Трајковски. Работниот тим е отворен за сите кои имаат свои идеи за унапредување на работата на Центарот и ќе продолже да соработува и понатаму со сите едуканти и надворешни соработници, како и досега.
На овој состанок беше предложено и ново тело, кое ќе ја има улогата на собирање на мислења од оние кои ќе сакаат да се обратат до Центарот. Ова е комитетот за жалби и поплаки и во него ќе работат: Вера Димовска, Никола Колевски и Јован Јанакиевски. Задачата на овој комитет е штом од некого ќе добијат некакво мислење, коментар, претставка во било која форма (усно, писмено и сл.) поврзано со работата на Центарот и неговото функционирање, како и во врска со однесувањето на лица кои се дел од Анима – Центарот, тоа мислење да го разгледаат и да ја истражат неговата веродостојност. Доколку станува збор за точна констатација, ова тело го известува етичкиот комитет доколку станува збор за нарушување на етичкиот кодекс. Доколку имало нарушување, етичкиот комитет го известува генералниот одбор за утврдената констатација, кој понатаму одлучува како да се постапи со лицето за кое се добило претставка во согласност со Статутот на Анима – Центарот.
За сите дополнителни информации поврзани со работата на овие тела, како и за работата и функционирањето на Анима – Центарот може да се обратите на anima@centar@gmail.com или на +389 71 871 213.