Skip to content

Емоции што лечат

  • by
Природата создава емоции како средство за поврзување. Различно сме поврзани со светот кога сме лути, отколку кога сме заљубени.
- Фриц Перлс

Семинарот „Емоции што лечат“ се одржа во неколку градови низ нашата држава, во Битола, Прилеп, Свети Николе и Струмица во периодот од есента минатата година до крајот на оваа зима во 2018 г.

Емоциите се сржта на нашиот живот, внатрешен мотор, витална енергија, затоа треба да научиме да управуваме со емоциите, тоа значи да го “отвориме срцето” за себе и за другите. Главната функција на емоциите е адаптивна. Тие имаат свој физиолошки механизам кој се манифестира во работата на срцето, дишење, крвниот притисок итн. Секоја емоција радост,тага,бес,страв предизвикува соодветно хормонално лачење во организмот. Како дејствуваат овие хормони во современиот начин на живот? Како ги доживуваме и изразуваме нашите емоции? Кои се последиците од” гушењето” на емоциите, како се одразуваат на нашето здравје? Кои се емоциите што лечат? Целта на овој семинар е да одговори на овие прашања, проширување на свесноста за емоциите, нивното изразување и примена на техники за релаксација, опуштање и поттикнување на задоволството.

Еден дел од овие активности може да погледнете тука, тука и тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.