Skip to content

Активно живеење

  • by

Анима беше дел од проект “Активно живеење” кој МНАГТ “Контакт” го спроведоа во текот на 2018 година. Цел на овој проект беше проширување на свесноста за значењето на менталното здравје и подобрување на квалитетот на животот на лицата од трето доба. Ова беше уште една потврда за широката примена на Гешталт терапијата и Гешталт техниките или на она што велеше Фриц Перлс: „Мојот метод е премногу добар за да се ограничи само на лекување на пациети“. Голема благодарност до тимот, за укажаната доверба, професионалност и размена на искуства. Благодарност до учесниците, драгите пензионери, за нивната отвореност и спремност за нови искуства.

Целна група беа пензионери на возраст од 62 – 89 год. Во две групи: Една група која се состанува во Чаир, Скопје и уште една група која се состанува во Центар, Скопје. Реализацијата на работилниците започна во втората половина на јануари.

Во текот на месец јануари беа реазлизирани 3 работилници во две групи на учесници и тоа: Психологија на стареење на која учествуваа вкупно 30 учесници. Менаџирање на стрес на која учествуваа вкупно 23 учесници. Комуникациски вештини и менаџирање на конфликти на која учествуваа вкупно 25 учесници.

Во текот на месец февруари 2018 година, беа реализирани 2 работилници во две групи на учесници и тоа:
• Емоции и комуникација на кои учествуваа вкупно 20 учесници;
• Емоционално здравје на кои учествуваа 32 учесници.

Во текот на месец март 2018 година, беа реализирани 2 работилници во две групи на учесници и тоа:
• Поврзаност на телесни процеси со ментални процеси на кои учествуваа вкупно 22 учесници;
• Телесните процеси во секојдневното живеење на кои учествуваа 26 учесници.

Цели на активностите

Крајна цел на активностите беше проширување на свесноста за значењето на менталното здравје како и за можностите за подобрување на квалитетот на животот во трето доба.
Специфични цели:
– Зголемена свесност за сопствените чувства, емоции и расположенија,
– Зголемена свесност за начинот на изразување како и за можните стратегии за подобрување на комуникациските вештини,
– Разбирање на последиците од емотивниот затвор и од несоодветната комуникација со другите луѓе,
– Практикување на техники за зачувување и унапредување на емоционалното здравје
– Разбирање на функцијата на телесните процеси во секојдневното живеење,
– Освестување на сите делови од телото и нивниот специфичен начин на функционирање, со што се отежнува или олеснува секојдневното живеење, особено во трето доба.

Методологија на работа

Работилниците се одржаа со користење на соодветни теоретски материјали и вежби базирани на повеќе различни теории и техники избрани на база на искуството на предавачите.
Вежбите помогнаа во примена на алатките за подобрување на изразување на сопствените емоции и препознавање на туѓите емоции, подобрување на вештините за комуникација и социјализација во трета доба, препознавање на телесните процеси, ментална хигиена, менаџирање на стрес и конфликти и сл.
Во текот на работилниците беа спроведени повеќе вежби и тестови како и практични примери, со цел да се приближат практично темите до учесниците и да им се понудат алатки кои понатамошно ќе може да ги употребуваат во својот живот.

Добиени резултати според проектот:
– Спроведување на ефикасни методи за јакнење на капацитетите и превенција на ментални нарушувања кај стари лица,
– Креирање на програма за ментален и емоционален раст и развој на старите лица,
– Создавање на креативни методи за справување со сите предизвици на третото доба,
– Справување со стрес и негативни емоционални влијанија кај луѓето од трето доба,
– Обезбедување стручна и техничка помош за унапредување на процесот на работа на едукација и советување кај старите лица,
– Креирање на неформални начини на едукација и советување на старите лица,
– Поддршка против дискриминација и злоупотреба на старите лица,
– Подигнување на јавната свест за менатално и емоционално здравје на старите лица,
– Обезбедување основа за градење на достоинствено стареење кај старите лица.

Kлучни достигнувања

Луѓето од трето доба за прв пат имаа прилика да се запознаат и да применат различни психолошки методи за развој на своите потенцијали и подобрување на менталното здравје. За прв пат е креирана програма за психотерапија и советување за оваа возрасна категорија. Тие станаа свесни за предрасудите во третата доба, дискриминација и злоупотреба која може да им се случи и како да се справуваат со вакви предизвици
Учесниците научија како да ги препознаваат своите психолошки и психосоматски состојби и каде да побараат помош за своето ментално здравје.
Клучно сознание е дека остатокот од нивниот живот е нивна одговорност и тие можат да направат избор:да живеат активно и се почитуваат себе си или да бидат пасивни и да ги игнорираат.

Сите овие резултати и заклучоци може да се најдат и во изданието на трудот „Активно живеење“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.