Гешталт конференција по повод јубилејот 25 години Гешталт терапија во Битола се одржа од 1 – 3 Јули 2022 г. во хотел „Молика“, во подножјето на Пелистер, Битола. На конференцијата учество зедоа 15 предавачи, Гешталт терапевти и едуканти од нашата земја. Се одржаа 8 предавања, 8 работилници и дополнителни активности за прошетка низ Пелистер и рекреативни јога вежби. Учество зедоа 50 учесници. Впечатоци од првиот ден погледнете тука.
Впечатоците од вториот ден погледнете ги тука, а од третиот ден тука.
Заокруживме прекрасен викенд, исполнет со споделување на искуства и знаења. Голема благодарност до сите што присуствуваа и направија овој настан да се реализира. Полето си го направи своето, а циклусот е затворен. Ние задоволни, што ја имавме можноста да уживаме во Гешталт конференцијата, на која се потсетивме за важноста на уметноста на живеењето!
Разгледајте ја статијата на „Битолски весник“ за настанот тука. Прилог направи и МРТВ, кој може да се погледне тука.