Skip to content

Душата низ психолошките методи на современо живеење

  • by

На 21 и 22 септември 2024 година, претставници од „Анима – Центарот“ зедоа учество на Јубилејната конференција за психологија и психотерапија по повод 15 години постоење на Центарот за психологија, психотерапија, советување и едукација „Совршен круг“. Конференцијата беше со наслов „Душата низ психолошките методи на современо живеење“.


Работилница на тема „Гешталт методот како психотерапија и уметност на живеење“ спроведе Вера Димовска, која е главен тренер и едукатор во „Анима – Центарот“. Тоа беше работилница од едукативно – искуствен карактер и предизвика голем интерес кај публиката. На работилницата значително внимание се посвети на појаснување на гешталт принципите кои се во основата на Гешталт терапијата – насоченоста на сегашноста и свесноста, одговорноста и теоријата на полето. Практикувањето на овие принципи, во потполн контакт со себе и срединат,а претставува своевидна уметност на живеење. Покрај Вера, на оваа конференција со своја работилница учествуваше и Мaрина Кузмановска, едукант на „Анима – Центарот“. Нејзината работилница беше на тема „Гешталтистички пристап во работа со лутина“ и во неа Марина се осврна на гешталтистичкиот пристап во работа со лутина, кој овозможува подлабоко истражување и интеграција на оваа емоција, создавајќи простор за автентично самоизразување и понатаму здрава регулација на сите други емоции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.