
„Спроведување на психолошко тестирање и изготвување на психолошки наод и мислење со млади и возрасни – Модул 2“
Оваа обука е призната и категоризирана како облик на континуираното усоврвшување на психолозите од страна на Комората на психолози на РСМ
• Доколку си дипломиран психолог,
• Имаш потреба од стекнување на дополнителни знаења и вештини за користење на психолошки инструменти и изготвување на психолошки наод и мислење,
Пријави се!
• за обуката „Спроведување на психолошко тестирање и изготвување на психолошки наод и мислење со млади и возрасни – Модул 2“
• која ја организира Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија
• и е призната и категоризирана како обликот на континуираното усоврвшување на психолозите од страна на Комората на психолози на РСМ!
Кој ќе ја води обуката:
Проф. д-р Сашо Кочанковски – посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на Психологија на здравје-Психотерапија
Каде ќе се одвива обуката:
Во Битола, во просториите на Анима – Центар.
Основна цел на обуката:
Обуката им овозможува на психолозите да се стекнат со знаења и вештини и да се оспособат за психолошко тестирање за проценка на психомоторниот развој, социјалниот развој, когнитивниот развој, интелектуалните способности и личноста, (со сеуште нестандардизирани психолошки мерни инструменти) и изработување на психолошки наод и мислење.
Програмата за Модул 2:
Модул 2 – Оспособување за психолошко тестирање за проценка на психомоторниот развој, социјалниот развој, когнитивниот развој, интелектуалните способности и личноста при работа со млади и возрасни (со сеуште нестандардизирани психолошки мерни инструменти) во траење од 96 часа.
Критериуми за влез во програмата – Кој може да учествува на обуката:
• Оние кои имаат завршено високо образование и се стекнале со диплома – дипломиран психолог.
Пријави се!
За пријавување ве молиме пополнете ја оваа апликација на која што треба да ја прикачете скенирана вашата диплома за дипломиран психолог во .pdf
Оние кои се членови на Комората на психолози на РСМ – наведете го бројот на лиценцата.
Краен рок за пријавување 3 јуни 2026 год.
Почетокот на обуката е планиран на 6 и 7 јуни 2026 год.
Што добиваш!
Кандидатите кои ќе ги ги исполнат предвидените активности од програмата:
Ќе се стекнат со Сертификат за завршена обука за спроведување на психолошко тестирање и изработување на психолошки наод и мислење со млади и возрасни – Модул 2, во кој ќе бидат наведени – 32 бодови, кои ги доделува Комората на психолози на Македонија).
За дополнителни информации обратете се кај Вера Димовска, претседател на Анима – Центар на e-mail: anima.centar@gmail.com или кај Проф. д-р Сашо Кочанковски телефон 070 549 205.