
Во почетокот на Декември 2024 година, во просториите на Анима – Центарот во Битола (ул. Климент Охридски” бр. 25, поранешно радио Канал 77) се одржаа серија предавања и работилници кои имаа за цел да ја популаризаираат психологијата во Битола.
Предавањата и работилниците беа од отворен карактер. Агенда со предавачите, темите и времето беа следниве:
02.12.2024 Понеделник – „Гешталт терапијата за подобрување на мeнталното здравје“
Проф. д-р Сашо Кочанковски; 18 – 19:30ч.
03.12.2024 Вторник – „Како си? А како си навистина…со својот контакт со себе?“
Марија Јанакиевска и Маја Димоска – Јандреска; 18 – 19:30ч.
05.12.2024 Четврток – „Како си со својот срам?
Рената Димановска и Љупчо Кимовски; 18 – 19:30ч.
06.12.2024 Петок – „Како Аристотел би работел Гешталт психотерапија?“
Јове Крстески; 18 – 19:30ч.
10.12.2024 – Вторник „Гешталт терапија и емоционална интелигенција: Ајде да го зголемиме нашиот емоционален количник!“
Д-р Марија Димовска – Котевска; 18 – 19:30ч.
12.12.2024 – Четврток „Баланс меѓу работа и живот: Клуч до лична и професионална хармонија“
Д-р Марина Несторовска – Кузмановска и Наташа Бекировска; 18 – 19:30ч.
13.12.2024 – Петок „Self care – гешталт практики за грижа за себе“
Вера Димовска; 18 – 19:30ч.
Некои од овие предавања и работилници беа вклучени и како дел од националната платформа Денови на психологијата https://www.facebook.com/denovinapsihologija
на Комората на психолози на Македонија.
Случувањата за време на овој настан може да ги проследите на следниов ЛИНК.

Sakam na prva rabotilnoca 26..05.2025g