
Aнима – Центарот за личен развој, едукација и психотерапија во Битола спроведе серија работилници на неколку теми во своите простории на ул. Климент Охридски” бр. 25, во периодот од 26 до 31 Мај 2025. Работилниците беа на следниве теми: справување со анксиозност со помош на гешталт вежби и техники, арт – тераписки пристап при групната работа во гешталт, како да го подобриш твоето ментално здравје, справување со бесот и лутината со примена на гешталт психотерапијата и освестување на личните граници, изборот и автентичниот контакт преку гешталт перспективата. Како и вообичеано, секоја од работилниците имаше свој практичен или искуствен дел, каде што се применуваше некоја вежба или активност на која што сите учествуваа, а потоа следуваше и презентациски или теоретски дел за појаснување на активноста.

Ваков тип на отворени денови, Анима – Центарот ги практикува веќе неколку години по ред и тоа најчесто два пати во годината, во пролет и во есен. Прилагодени на популацијата и со голема внимателност, членовите на едукациските групи и постарите психотерапевти кои се дел од Анима – Центарот ги подготвуваат овие работилници со цел промоција на гешталтистичкиот психотерапевтски правец. За овие отворени денови, работилниците и темите ги подготвија гешталт едукантите Марија Трајковски, Јове Крстески и М-р Марија Младеновска – Димитровска, заедно со постарите членови на Центарот Проф. Д-р Сашо Кочанковски и Вера Димовска. Во рамките на таа недела се одржаа и бесплатни советодавни термини од страна на едукантите Марија Јанакиевска во Битола и Маја Димоска – Јандреска во Прилеп, кои даваа советодавни услуги на заинтересираните лица.

Од пријавите на кои регистриравме учесници имавме вкупно 36 единствени учесници, кои се пријавуваа и учествуваа на повеќе настани. Вкупно имавме 46 присутни учесници на сите работилници, од кои 9 на работилницата на 26.05.2025, 10 на 27.05.2025, 9 на 28.05.2025, 6 на 30.05.2025 и 12 на 31.05.2025г. На следната табела може да се забележи кои од понудените теми пробудија најповеќе интерес:

Како изгледаа случувањата за време на оваа серија на предавања и работилници може да видите на следниов ЛИНК.