Skip to content

Гешталт терапијата во унапредување на менталното здравје на децата и младите

  • by

Во нашите простории се одржаа две работилници со цел промоција на Гешталт терапијата во подобрувањето на менталното здравје кај децата и младите. Правта работилницата беше наменета и прилагодена за деца на возраст од 13-14 години, а имавме учесници од VIII-мо и IX-то одделение од неколку училишта, ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Битола. Втората работилница беше наменета и прилагодена за деца на возраст од 15-18 години – средношколци, а имавме учесници од СОЕУ ”Јане Сандански” и СОУ„Јосип Броз-Тито” од Битола.

Работилницата ги водеа Гешталт терапевти од АНИМА – Центарот, искусни во работа со деца и млади, Сашо Кочанковски и Марија Трајковски. Работилницата беше одлично прифатена од страна на учесниците, поттикнувајќи им размислувања за своите доживувања низ креативни активности.

Овие работилници беа дел од националната платформа Денови на психологија на Комората на психолози на Македонија.

Повеќе информации и фотографии за настаните може да погледнете тука, тука и тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.