Skip to content

Акредитација од Европската асоцијација за Гешталт терапија (ЕАГТ)

  • by

После долги години посветена работа на развивање и реализација на тренинг програмата, Aнима – Центарот го доби официјалнаиот сертификат од страна на ЕАГТ, со што станува акредитиран институт за едукација во областа на Гешталт терапијата!

Процесот траеше извесен период, во кој беа прегледувани соодветните документи од страна на претставници на ЕАГТ. Посета на нашиот Центар од страна на ЕАГТ се случи на 7-ми и 8-ми Ноември, со цел подетално запознавање со работните тела, соработниците и едукантите на Центарот. Конечно, акредитацијата ја добивме во почетокот на Декември 2025.

Ова значи дека квалитетот на нашата работа е препознаен и потврден, а тоа не би било возможно без довербата и поддршката од многуте терапевти, тренери, едуканти и други соработници кои Анима – Центарот ги имаше сите овие години наназад! Центарот изразува благодарност до сите кои веруваа во визијата за квалитетен тренинг институт и кои досега беа дел од патот – заедно продолжуваме да создаваме иднина на Гешталт едукацијата во Битола, регионот, во нашата држава и пошироко!

Повеќе детали на линковите тука и тука, а објава во медиумите може да разгледате тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.