Skip to content

Отворени денови на Гешталт психотерапија 2026

  • by

Aнима – Центарот за личен развој, едукација и психотерапија во Битола спроведе серија работилници на неколку теми во своите простории на ул. Климент Охридски” бр. 25, во периодот од 23 до 27 Маrt 2026. Работилниците беа на следниве теми: Што сакам за себе, Автентичноста во модерното живеење – што можеме да научиме од децата за автентичноста, Свесностa за одговорностa во лидерството, Свесноto живеење како баланс помеѓу внатрешното и надворешното и секако, вклучени во оваа недела беа и бесплатните советувања за граѓаните. Како и вообичеано, секоја од работилниците имаше свој практичен или искуствен дел, каде што се применуваше некоја вежба или активност на која што сите учествуваа, а потоа следуваше и презентациски или теоретски дел за појаснување на активноста.

Ваков тип на отворени денови, Анима – Центарот ги практикува веќе неколку години по ред и тоа најчесто два пати во годината, во пролет и во есен. Прилагодени на популацијата и со голема внимателност, членовите на едукациските групи и постарите психотерапевти кои се дел од Анима – Центарот ги подготвуваат овие работилници со цел промоција на гешталтистичкиот психотерапевтски правец. За овие отворени денови, работилниците и темите ги подготвија гешталт едукантите Елена Милошевска, Моника Марковска, Викторија Ќуриќ, Марија Трајковски и Јасна Димитровска заедно со постарите членови на Центарот Проф. Д-р Сашо Кочанковски и Вера Димовска. Во рамките на таа недела се одржаа и бесплатни советодавни термини од страна на едукантите Мери Трајкоска и Димитар Ставрески, кои даваа советодавни услуги на заинтересираните лица.

Од пријавите на кои регистриравме учесници имавме вкупно 28 учесници кои се пријавија и учествуваа на активностите. На линкот ТУКА може да најдете преглед на активностите направен од Проф. д-р Сашо Кочанковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.