Skip to content

Гешталт терапија во секојдневното живеење – овде и сега

  • by

Во периодот од 05.07 до 07.07.2024 во хотел „Молика“ на Пелистер, се одржа втората конференција на Анимa – Центарот за личен развој, едукација и психотерапија под насловот „Гешталт терапија во секојдневното живеење“. На конференцијата излагања имаа 18 предавачи кои одржаа 6 искуствени работилници и 9 презентации на трудови. На конференцијата учествуваа 35 учесници. Оваа конференција претставуваше една енергична таписерија од длабински предавања и уникатни работилници, која ги остави учесниците инспирирани и збогатени со нови искуства и знаења.

На оваа конференција, исто така официјално ги добија своите сертификати и едукантите на Анимa – Центарот кои го комплетираа II-от степен според наставната програма за едукација. Наставната програма според која се врши едукацијата за терапевти, изработена е на основа на стандардите и критериумите на Европската асоцијација за Гешталт терапија (European Association of Gestalt Therapy – EAGT).

Впечатоци од конференцијата за првиот ден може да погледнете тука. Од вториот ден тука, а од третиот ден тука. Модератор на настанот беше Александра Алексијевска, а истиот беше поддржан и од страна на Комората на психолози на Македонија. Согласно правилниците на Комората, предавачите како и учесниците добија соодветни поени за нивно стручно усовршување.

Анима – Центарот исто така изразува благодарност до Гешталт советувалиштето за хумана соработка (СХС) за поддршката и долгогодишната соработка во процесот на обучување на едукантите. Исто така благодарност изразуваме и до битолскиот online магазин „Читај бе“ кој објави статија за ова аконференција. Пред самиот почеток на конференцијата, изјава за МРТ1 даде и долгогодишната соработничка на Анима – Центарот, Д-р Марија Димовска – Котевска, која се осврна на проблемите на модерното живеење како што се врсничкото насилство и мобингот. Изјавата може да ја погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.