Од самото основање на Анима Центар во 2016 год. активно работи Школата за Гешталт терапија во која се обучуваат професионалци за психотерапија и психолошко советување. Наставната програмата, според која се врши едукацијата, изработена е на основа на стандардите и критериумите на Европската асоцијација за Гешталт терапија (European Association of Gestalt Therapy – EAGT).
Моментално, едукацијата се одвива во Битола, но во зависност од интересот и потребите, не е исклучена можноста за проширување на дејноста надвор од Битола.
Програмата е издигната на постдипломско усовршување во траење од околу 4 години, односно минимум 1500 часа и тоа:
1. 600 часа – Теорија и методологија;
2. 150 часа – Супервизија;
3. 400 часа – Пракса во групата или надвор од неа;
4. 250 часа – Лична терапија, индивидуално тераписко искуство;
5. 50 часа – Слободен избор.
I степен едукација за Гешталт советник – 604 часа
II степен едукација за Гешталт терапевт – 1054 часа
Програмата предвидува два вида активности:
1. Активности во група (учество во едукативно – искуствените работилници, усвојување на теорија и методологија на Гешталт терапија, индивидуална терапија во група, учество во групен процес, презентација на семинарски работи, работата во мали групи и супервизија во група).
2. Активности надвор од група (индивидуална терапија со личен терапевт, индивидуана супервизија, работа во мали групи, волонтерска работа и клиничка пракса (работа со реални клиенти) работилници од слободен избор, пишување семинарски работи и студија на случај).
За кого е наменета програмата?
За психолози и студенти на психологија, како и други профили од хуманистичките науки.
Организација и начини на работа
Интензивни едукациско – искуствени работилници, еднаш месечно, за време на викенд од 10:00 до 17:00 часот, во група од 8 до 15 члена. Планирани се 10 работилници во текот на една наставна година, од септември до јуни. Наставната програма е поделена во два степена (I и II) степен или Основно и напредно ниво.
Во првиот степен – основно, базично ниво во траење од две години се изучува теоријата и методологијата на Гешталт терапијата, личен и професионален развој и развивање на специфични компетенции за советодавна работа.
По завршувањето на првиот степен и исполнување на обврските се стекнува сертификат – Гешталт советник и може да се премине во следно напредно ниво.
Наставни содржини (курикулум)
I година
1. Воведна работилница и Етички кодекс;
2. Историја и корени на гешталт терапијата;
3. Гешталт психологија;
4. Човечки организам, потреби и задоволување на потребите,
Незавршени работи;
5. Поимот свесност во гешталт терапија;
6. Одговорност и jазик на одговорност;
7. Контакт, граници на контакт, контакт – повлекување;
8. Отпор и механизми на отпор;
9. Принцип на поларност и поларитети;
10. Евалуација и самоевалуација на постигањата.
II година
1. Теорија на селф;
2. Теорија на поле и креативна адаптација;
3. Теорија на промената, Парадоксална теорија на промената –Бејзер;
4. Советодавен и тераписки процес;
5. Дијалог, Јас – Ти однос;
6. Теорија на личност, личноста во општеството, пол и сексуалност;
7. Здравје и болест;
8. Развој на детето;
9. Техники во гешталт терапија;
10. Евалуација и самоевалуација
На крајот од втора година се полага испит од теорија и методологија на Гешталт терапија.
Во вториот степен – напредно ниво во траење од две години се прошируваат знаењата од теоријата и методологоијата на Гешталт терапијата, личен и професионален развој, со посебен акцент на развивање на специфични компетенции за психотераписка работа. Тренирање терапевтски вештини во група и надвор од група во работа со реални клиенти. Подлежат на групна и индивидуална супервизија. По завршувањето на обврските што произлегуваат од програмата се стекнува сертификат – Гешталт терапевт.
Наставни содржини (курикулум)
III година
1. Воведна работилница и етички кодекс;
2. Гешталт терапија во работа на сон;
3. Дијагностичка статистички прирачник на менталните заболувања DSM5;
4. Групна супервизија;
5. Гешталт дијагноза;
6. Гешталт перспектива на психопатологијата;
7. Психосоматски пореметувања;
8. Групна супервизија;
9. Гешталт терапија во работа со поединци, група, пар, семејство;
10. Евалуација и самоевалуација на постигањата.
IV година
1. Гешталт терапија во работа со деца и адолесценти;
2. Гешталт терапија во организации;
3. Групна супервизија;
4. Анксиозни и панични состојби;
5. Поддршка во услови на криза, стрес, траума;
6. Тераписки однос, контакт, дијалог, трансфер, контратрансфер;
7. Групна супервизија;
8. Човекови права;
9. Истражувања во Гешталт терапија;
10. Евалуација и самоевалуација.
Завршен испит
По завршување на програмата и постигнати цели се полага завршен испит кој се реализира на договорена средба со групата. Завршниот испит се состои од:
1. Студија на случај околу 20 страници пишан текст по претходно добиени насоки за работа. Приказ на тераписка работа со еден клиент, најмалку 10 сеанси. Се оценува со: положил/не положил.
2. Практичен испит – директна супервизија во група демонстрација на терапевтски вештини во траење од 30 минути. По завршување на сеансата се одговара на прашањата од комисијата и групата/публиката. Се оценува со: положил/не положил.
Комисија – двајца тренери и еден надворешен оценувач од друг институт.
Нашите тренери
Вера Димовска, сениор тренер, ЕАГТ серификат за Гешталт терапија
Татјана Насевска Додевска, тренер, ЕАГТ серификат за Гешталт терапија
Мирослав Пендаровски, тренер, ЕАГТ серификат за Гешталт терапија
Благица Ризоска Ваниќ, супервизор, ЕАГТ серификат за Гешталт терапија
Pingback: Доделување сертификати за I степен - Анима