Skip to content

Годишнина и доделување сертификати за I степен

  • by

21 Декември беше датум на кој Анима – Центарот одбележа два значајни моменти, годишнината од формирањето и доделување на сертификати. 9 години постоење на Анима – Центарот се одбележаа во присуство на терапевтите и едукантите, еден значаен период кој оваа година се заокружи и со добивањето на акредитацијата од страна на ЕАГТ. Анима – Центарот ќе продолжи да им помага на психолозите кои сакаат да станат психотерапевти, како и на другите заинтересирани лица, да напредуваат во својот личен развој и да се едукацираат во областа на психотерапијата. Оваа година уште пет едуканти го завршија првиот степен од едукацијата, со што продолжува успешната приказна на Анима – Центарот во вршење континуирана едукација од областа на Гешталт терапијата. Веќе неколку генерации едуканти наназад се тренираат според европската програма на ЕАГТ, сега веќе акредитирана програма, која моментално ја следат околу 25 едуканти во прв и втор степен заедно.

Анима Центорот продолжува понатаму со реализација и на дополнителните активности кои се значајни за нашиот град и пошироко во регионот – овозможувањето на континуирана бесплатна психолошка поддршка во живо и online, како и понуда на работилници за различни целни групи со цел унапредување на менталното здравје. Продолжува да биде и место каде што можете да добиете континуирани индивидуални психотераписки сеанси! Се на се – ова беше успешно заокружување на една значајна година за Центарот, а повеќе фотографии може да погледнете на нашите социјални мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.